Манијак напаѓа жени во Карпош 4

Две скопјанки биле нападнати од непознато лице кое ги допирало и сакало да ги соблече, вчера во скопската населба Карпош 4, информираше МВР.

Според полицијата, О.К.Л. (42) пријавила дека вчера околу 11 часот на улица Волгоградска непознато лице излегло пред неа со спуштени панталони и се обидел и неа да ја соблече. Жената го истуркала манијакот од себе, по што непознатиот избегал во непознат правец.

Во 13.40 часот во ПС Карпош, С.С. (24) од Скопје пријавила дека на истата улица во 13 часот, во влез од зграда, непознат сторител ја нападнал од зад грб и почнал да ја допира по градите и телото. Таа го турнала, по што тој избегал во непознат правец.

Од полицијата засега не ги поврзуваат двата случаи, но преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.