Легендата на светскиот фудбал Диего Армандо Марадона како да знаел дека умира, неколку часа пред смртта славниот фудбалер снимил потресна порака за својот најмлад син.
Според британски The Daily Mail, Марадона наводно побарал од очувот на неговиот син да се грижи за седумгодишното дете.
Мардона го доби синот Диего Фернандо во врската со поранешната девојка Вероника Оједа. Во видео пораката славниот „Ел Пибе“ на момчето на неговата екс девојка Марио Баудри му порачал:
„Знам дека ова ќе звучи неверојатно, но добро ја познавам Вероника и таа ми кажа дека е со тебе. Добро грижи се за неа и внимавај на мојот мал ангел. Никој не може да се спореди со него“, порачал Марадона .
Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата кој почина од срцев удар на 25-ти ноември со поранешната сопруга Клаудија со мкоја боил во брак од 1984 до 2004 година има две ќерки Далма и Џанина. Синот Диего Фернандо го добил со девојката Вериника, Марадона признал уште две деца, 34 – годишниот Диего Јуниор, и 23 годишната ќерка Јана.