Марадона убеден дека Маскерано е пред трансфер во Наполи

Легендарниот репрезентативец на Аргентина, Диего Армандо Марадона е убеден дека сопственикот на Наполи, Аурелио де Ллаурентис на стартот од летниот преоден рок ќе испрати официјална понуда до централниот дефанзивец на каталонскиот гигант Барселона, Хавиер Маскерано.

„Јас имам таква информација дека претседателот на Наполи, Де Лаурентис ќе испрати понуда до дефанзивецот на Барса, Хавиер Маскерано. Знам дека Хавиер е приоритет број еден за Наполи кога е во прашање летниот преоден рок. Мислам дека се започнати преговорите помеѓу двата клуба , но се уште не имаат заеднички јазик кога е во прашање обештетувањето. Последниот збор ќе го има самиот фудбалер, но мислам дека е заинтересиран за преселба на „Сан Паоло“, дека сака нова авантура и соработка со Рафа Бенитез”, изјави Марадона.