Веб страницата, на која се продаваат билети за европската турнеја на американската поп ѕвезда, објави дека закажаниот за утре нејзин концерт во Брисел е откажан.
Во објаснувањето се наведува дека Кери била посоветувана да го откаже концертот, со оглед на безбедноста на нејзиниот тим и на фановите.
Не се наведува презакажување за друг датум, но се вели дека Кери се надева наскоро да се види со своите фанови во Белгија.