Заев е градоначалник на кој не може да му се верува, вели советничката на ВМРО ДПМНЕ во општина Струмица, Катица Марангозова којa истакнува дека Зоран Заев станал градоначалник со „убедливо најмногу лаги во своето работење“
„Во поткрепа на вистината денес Ви презентираме уште еден сегмент од неговите лаги. На 06.07.2012 година со ребалансот на Буџетот, Заев им вети на граѓаните дека ќе се асфалтираат улиците: Братство Единство (од Климент Охридски до 24-ти Октомври) Браќа Миладинови ( од Алфа банка до Братство Единство) Крушевска Република (од кружен тек нагоре – десна страна) Вкупната вредност за асфалтирање на овие три улици е околу 6 милиони денари или 100.000 евра. Но, како по обичај Заев пак излажа, а улиците сеуште не се асфалтирани. Со тоа станува јасно дека ребалансот всушност била уште една вешто срочена лага на Зоран Заев“, вели Марангозова.
Таа го праша Заев зошто не се асфалтирани овие три улици и каде завршиле шест милиони денари планирани за асфалтирање на улиците.