Србинот сега не можеше да решава затоа што беше добро затворен, па одговорноста падна врз Џамал Мареј. И тој немаше чиста позиција и мораше да шутира преку двајца противнички кошаркари, но промаши и шампионот го претрпе 12. пораз оваа сезона.
Во првото полувреме Денвер имаше двоцифрена предност и на голем одмор отиде со 67-54, но застана во третата четвртина во која прими 41 поен. Јокиќ го заврши натпреварот со 29 поени, 8 асистенции и 4 скока.
Херој на Орландо беше Паоло Банкеро кој оствари трипл дабл со 32 поена, 10 скока и 11 асистенции. Тој ги погоди и двете слободни фрлања во последниот напад на Меџик со кој гостинскиот тим дојде до предност од два разлика, пред Мареј да промаши во клучната акција.
Од останатите средби, навивачите на Далас добија добра вест на домашен терен, бидејќи нивните миленици покажаа дека знаат да победуваат и без најголемата ѕвезда, Лука Дончиќ.
Словенецот го пропушти вториот меч против Портланд поради мала повреда, но и без него на паркетот, Маверикси ги прегазија Блејзерите со 139:103. Во отсуство на Лука, неколку играчи на Далас ја поделија одговорноста, а најефикасни беа Ирвинг со 24, како и Хардавеј и Харди со 19 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Јута 126:97
Индијана – Атланта 150:116
Бруклин – Оклахома 124:115
Кливленд – Вашингтон 114:90
Филаделфија – Њујорк 92:128
Чикаго – Шарлот 104:91
Хјустон – Минесота 95:122
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 95:111
Далас – Портланд 139:103
Денвер – Орландо 120:122
Финикс – Мајами 113:97
Голден Стејт – Детроит 113:109
ЛА Лејкерс – Мемфис 113:127
Сакраменто – Торонто 135:130