Мареј подобар од Робредо за титула во Валенсија

Судбината повторно си поигра со Томи Робредо, и повторно во другата главна улога беше Енди Мареј.

Мареј славеше во финалето на турнирот во Валенсија, совладувајќи го Робредо со 2:1 во сетови (3:6 , 7:6 , 7:6). Она што е поинтересно е дека Британецот спаси дури пет меч топки, нешто што веќе му појде од рака во Шенжен, и тоа повторно против истиот тенисер, Томи Робредо.

Инаку мечот траеше 3 часа и 20 минути, а овој триумф на Мареј ќе му донесе вредни бодови во трката за настап на “Ворлд Тур Фајнлс”.