Маричиќ: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ги помести позициите, да продолжи дијалогот за уставните измени

Лидерската средба беше успешна, драго ни е што ВМРО-ДПМНЕ ги помести позицииите и сега може да разговараме како да ги изведиме уствните измени, изјави секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и вицепремиер Бојан Маричиќ за Канал 5, пред состанокот на Централниот одбор на СДСМ.

„Лидерската средба донесе неколку битни точки, најважното е што ниту една партија не е против уставните измени, различни се само условите. Ние сме подготвени оние услови кои се реални, изводливи и не излегуваат од преговарачката рамка да ги реализираме, рече Маричиќ.

СДСМ ќе биде проактивна во целиот процес, додаде тој.

„Ќе предложиме формирање на работна група од нашата партија што ќе добие овластување да работи на понатамошните разговори и итно да го контактираат ВМРО-ДПМНЕ за да продолжат разговорите. Тој тим ќе контактира и со коалиционите партнери, со други политички партии, се со цел што поскоро да влеземе во процедурата во Собранието“, рече Бојан Маричиќ за Канал 5 телевизија.