Во врска со случаите за изборни нерегуларности и „27 април“ вицепремиерот рече дека тоа се многу тешки квалификации.
„Останува на опозицијата ако мисли дека треба нешто да се најде во законот, легитимно е да го отворат и да го стават на маса. Немам информација, ниту мислам дека се преговара за „27 април“ како тешки квалификации, терористички напад на институциите на државата. Ако опозицијата смета дека за тоа треба да се разговара, нека го отворат, ние ќе разговараме. За нас ’27-ми април’ е голема болка“, рече Маричиќ.
Според него од 2015 се помалку граѓани се плашат од репресија и закани од ВМРО-ДПМНЕ и дека тие ќе продолжат да бидат опозиција и по наредните избори.
„Преговорите ќе продолжат да течат. На тоа треба да се фокусираат. Зошто не предложија во парламентарната расправа амандмани кои ќе го сменеа Кривичниот законик. Не е целта сега да амнестираме, туку да донесеме стандарди“, рече Маричиќ.