Македонските адвокати отсега може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и Велс, објави во четвртокот на својот фејсбук профил министерот за правда Бојан Маричиќ.
Посочува дека досега, како македонски адвокат не постоеја никакви можности да се работи како адвокат (solicitor) во Велика Британија.
„По иницијатива на македонски адвокати од Брисел упатена преку Адвокатската комора на Македонија до адвокатската комора на Англија, македонските адвокати може да се квалификуваат за адвокат по скратена постапка и само со трансферен испит. Повеќе информации може да се добијат во Адвокатската комора на Северна Македонија, како и Комората на Англија и Велс. Благодарност до Александар Ивановски, Ирина Тричковска и Адвокатската комора на Македонија“, напиша на ФБ министерот Маричиќ