![maricic avstrija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/maricic-avstrija.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска во средата во Виена се сретна со австриската министерка Европската унија и Уставота, Каролин Едштадлер, во рамки на работната посета во Австрија.
На средбата од страна на Едштадлер беше потврдена поддршката што во континуитет Австрија ја дава наМакедонија на европскиот пат и за спроведувањето на реформската агенда.
„Австрија е земја која ја препознава вистинската и несомнена ориентација на Северна Македонија кон евроатлантските вредности и идеали, а наша задача останува во периодот кој следи да ја задржиме земјата на европскиот пат и забрзано да работиме на постигнување на оваа важна цел, која ќе придонесе за безбедноста и просперитетот на земјите од регионот во целина“, рече вицепремиерот Маричиќ.
Владините претставници на средбата го поделија ставот со Сојузната министерка за ЕУ на Австрија дека Европската Унија е нецелосна додека земјите од Западен Балкан не бидат дел од неа.
„Сојузната министерка за ЕУ и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер ја дели со нас истата визија и цел: Северна Македонија и регионот треба да бидат дел од ЕУ час поскоро“, пишува Маричиќ на својот фејсбук-профил.
Ковачевски и Едштадлер го изразија взаемното задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји кое се изразува и во недвосмислената поддршка на Австрија за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.
Во тој контекст од страна на соговорниците беше констатирано дека Северна Македонија е кредибилен партнер на ЕУ, кој може успешно да придонесе во развојот на најважните европски политики и има капацитет заедно со ЕУ да делува и одговори на предизвиците со кои се соочува цела Европа.
На средбата беше разговарано и за продлабочување на соработката и унапредување на традиционално добрите односи помеѓу двете земји, во областа на културата, енергетиката и реформските активности поврзани со зелената агенда.
Австрија е меѓу нашите најважни партнери со која во последните две и пол децении сме сведоци на одлична соработка и постигнати резултати во спроведувањето на многу проекти во секторите, од огромно значење за развојот на земјата, како што се заштитата на животната средина, енергетската ефикасност и отворањето на нови работни места, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања.