Маричиќ порача институциите да се позанимаваат со Мерко по наводите на Стејт департментот

Секој сигнал од стратешкиот партнер САД треба сериозно да се земе, а институциите да се познимаваат со наводите на Стејт департментот кој струшкиот градоначалник Рамиз Мерко го стави на „црната листа“ на САД за голема корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судството, смета вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.

„Треба сериозно да го разгледаме тоа, нашите институции да се позинимаваат со тоа и секој сигнал од нашиот стратешки партнер треба сериозно да се зема. Околу политичките чекори и натамошните институционални чекори треба да каже политичката партија на која и припаѓа Мерко и надлежните институции. Принципиелно треба да го земеме сериозно секој сигнал од нашиот стратешки партнер “, рече Маричиќ пред почетокот на научната конференција во МАНУ за „Забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ: Клучни предизвици и приоритети“.

Министерот за финансии и сопартиец на Мерко, Фатмир Бесими одби да коментира за струшкиот градоначалник и информира дека ДУИ денеска ќе излезе со став.