Скандалозното трошење на народни пари од страна на Бојан Маричиќ за гоштевање само покажува каква лицемерна влада е владата на СДСМ и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Маричиќ потрошил 313 илјади денари за бифтеци, медаљони, пастрмки, жестоки пијалоци, вина и што ли уште не во време кога половина милион граѓани живеат со 150 денари дневно.
Само еден оброк на Маричиќ чинел 17 илјади денари, една работничка плата во Македонија, во време кога илјадници семејства едвај врзуваат крај со крај.
Оваа влада потроши милиони евра од почетокот на годината за кафиња, цвеќиња, позлатени вилушки, а во исто време бара народот да штеди и да го стега ременот.
Ова е бесрамно, па нека е и од влада на СДСМ и ДУИ.
Затоа народот е гневен. Власта го лаже и понижува на секој чекор. Затоа се потребни промени, оваа власт мора да падне, стои во партиското соопштение.