-3.2 C
Skopje
вторник, декември 17, 2024

(ВИДЕО) Маричиќ потврди дека Заев ги информирал Боки 13 дека рекетот е пријавен кај него

Поранешниот премиер и лидер на владејачката СДСМ, Зоран Заев, го предупредил Бојан Јовановски дека бизнисменот Орце Камчев го пријавил случајот да биде рекетриан кај него, призна во четвертокот специјалниот советник за евроатлански интеграции во кабинетот на Зоран Заев, Бојан Маричиќ.

Имено Маричиќ признава дека неговиот шеф прво нешто кое што го направил откако Камчев го пријавил рекетот е да му каже на Јовановски дека нивната операција е откриена. Порталот Инфомакс, потсетува дека Бојан Јовановски беше уапсен на граничниот премин со Грција каде наводно се упатил за да избега од правдата во Македонија.

-Во однос на улогата на Зоран Заев, јасно излегоа две пораки каде што и на Орце Камчев и на Боки 13 јасно им кажува дека ќе одговараат и дека нема намера ништо да оправдува, ниту да учествува во тоа и да си ја докажат својата невиност пред суд, вели тој.

-Супер е сето тоа што го кажавте прво разговара со нив, после и се јавува на „Русковска“ да го пријави случајот, запраша Андоновски.

-Точно така, вели Маричиќ.

ИЗВОР: ИНФОМАКС