
Имаме многу тешки задачи во нашите преговарачки рамки и во сите Поглавја не очекува многу работа. Истовремено имаме и тешки билатерални прашања. Испораката по тие прашања ни дава оптимизам, но и право да бараме што поскоро ЕУ да направи временска рамка, која што ќе биде реална – ниту преоптимистична, ниту премногу неопливива, која ќе не пристисне за да размислуваме во 20-годишна рамка, рече денеска заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ на денешната заедничка прес-конференција со неговата српска колешка, Тања Мишчевиќ.
Според него, треба да размислуваме во што пократка рамка и да притискаме за тоа до крајот на декадата, односно на првото отворање на портите за нови членки, С. Македонија и Србија да бидат меѓу првите кои би влегле.