11 илјади стебла марихуана уништени во Албанија

Над 10 илјади стебла марихуана засадени на 154 парцели биле уништени вчера во подрачјето на Круја од страна на албанската полиција.

Исто така околу илјада стебла марихуна се уништени во селара Кумбул,кај Мердита,  Ѓобардај,кај Лежа, како и во подрачјето на Берат.

Пред два дена исто така во подрачјето на Круја беа уништени онад 4 илјади стебла марихуана.

За неполни два месеца од почетокот на широката операција за уништување на парцели засадени со канабис сатива, албанската полиција уништила околу 35 илјади стебла од ова наркотично растение.

-Марихуната е распослана на целата територија. Ја има и во подрачјето на Валона, Тепелена, Круја, Скадар… По падот на бастионот Лазарат, во јуни лани а потоа и Дукаѓини, сега се чини марихуната се размножи ширум земјата, констатираат меѓу другото албанските медиуми.