Марихуана шверцувана во вреќи ориз наменета за Холандија запленета на Богородица

Изминатите денови на граничниот премин Богородица успешно е пресечен меѓународен канал на шверц со марихуана, откако царинските службеници откриле 300 килограми од ова наркотично средство, како дел од поголемо количество во соседна Грција коешто било наменето западноевропскиот пазар.

Царинската управа на Република Македонија, преку размена на информации со грчките царински власти, успеака да пресече меѓународен канал на шверц со марихуана од Грција преку балканските земји до земјите од западна Европа, поврзан со заплената на 300 килограми марихуана шверцувана во вреќи со ориз, којашто во неделата на 28-ми јануари беше запленета на влез во Македонија на граничниот премин „Богородица“.

Подоцна во средата, 31-ви јануари, грчките власти по добиените информации од македонската Царинска служба, извршиле преглед во магацин за складирање стока во пристаништето Неа Перамос, западно од главниот град Атина, при што заплениле околу половина тон марихуана, сокриена во вреќи со ориз наменети за Холандија.

Д

ека станува збор за организирана група или банда која се занимава со меѓународен шверц на дроги укажува и фактот што местото на утовар, начинот на пакување, големината и формата на опаковките и користењето на вреќите со ориз како средство за шверцување на марихуаната запленета на територија на Грција се идентични со начинот на пакување, големината и формата на опаковките како и употребата на вреќи со ориз поради прикривање на дрогата запленета на територија на Македонија.