Марихуаната легална во Канада од октомври

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека употребата на марихуана ќе биде легална низ целата земја од 17-ти октомври.

Говорејќи во канадскиот парламент, Трудо истакна дека владата е посветена на подобра заштита на канадската младина и дека се надева дека на тој начин ќе ги одземе парите од организираниот криминал, објави АП.

Канадскиот парламент во вторникот усвои закон со кој се легализира употребата на марихуана за „рекреативни цели“.

Канада стана втора земја во светот која ја легализира употребата на марихуана за рекреативни цели. Уругвај го направи тоа во декември 2013 година.