Германската скијачка Марија Хефел Риш се закити со златниот медал во супер комбинација на Зимските олимписки игри во Сочи.
Со оваа победаГерманката влезе во одбрано друштво на девојките со три олимписки злата, односно во друштво на Дебора Компагнини, Врени Шнајдер, Катја Заицингер и Јаница Костелиќ.
Риш пред четири години во Ванкувер се закити со златен медал во супер комбинација и слалом Германката беше петта по трката во спуст, во која убедливо најбрза беше Џулија Манкусо. Сепак, германската скијачка ги дочека „своите пет минути“ во слаломот, возеше беспрекорно и на крајот сосема заслужено стигна до златниот медал, пред Никол Хосп на второто и Џулија Манкусо на третото место.