Маријано Дијаз пред една година дојде во Реал Мадрид како засилување за нападот, откако „кралскиот клуб“ го продаде Кристијано Роналдо во Јувентус, но шпанскиот фудбалер не покажа ништо, па кај Зинедин Зидан воопшто и не е во некакви планови за новата сезона.
Дијаз на подготвителните мечеви досега не доби ни минута, а јасно му е ставено до знаење дека може да си бара нов клуб и по се изгледа веќе е завршена целата работа. Напаѓачот, кој играче одлично во Лион пред да дојде во шпанската престолнина, сега повторно ќе се врати во француската Лига 1, ама овојпат во Монако.
„Малото кнежевство“ имаше во план да го купи Андре Силва од Милан, но трансферот пропадна и сега Дијаз е прва цел. Наводно и двата клуба веќе преговараат за трансфер вреден 20 милиони евра, а Дијаз веќе ги договорил своите услови со Монако.
Пред една година, Реал Мадрид го донесе за 23 милиони од Лион.