Претседателката на екстремно десничарската партија, Национален фронт, Марин Ле Пен, денеска ја исклучила можноста за коалицирање со грчката Злата Зора и маџарскиот Јобик во новиот состав на Европскот парламент.
„Утре (среда) одам во Брисел каде за тоа ќе разговарам со некои политичари“, рекла Марин Ле Пен за француското радио и додала дека нејзната партија не сака да коалицира со Златна Зора, Јобик ниту со бугарската партија Атака.
Таа додала дека не сака да се состане нити со Уд Војт, лидерот на германската десничарска Национална демократска партија.
Председателката на ФН, додала дека ќе контактира со белгиската партија од Фландрија Вламс Беланг, австриската ФПО, холандската Партија за слободата Герт Вилдерс и со шведските демократи.
ФН на европските избори победила со 24, 85 отсто од гласовите и во Европскиот парламент ќе има 24 од 74 пратенички места кои и приаѓаат на Франција.
За создавање коалиција во рамките на Европскиот парламент, потребни се 25 пратеници од седум земји.