Маринковиќ: Сообраќајната несреќа не можеше да се избегне, фиестата леташе како куршум

Не можев да го избегнам сударот, возачот на фиестата леташе по автопатот како куршум и ненадејно премина на мојата сообраќајна лента додека претркуваше камион. Возеше брзо, околу 100 или 150 километри на час, иако во тој дел од патот дозволената брзина е 80 километри на час, вели за Ало.рс, Драган Маринковиќ, во кој сообраќајката кај Удово ги загуби својот брат и син.

„Пробав да ја избегнам несреќата и свртев лево, а потоа се случи сударот“, вели Драган.

Тој додава дека Рајко Радојковиќ (21) од Ниш, на полна линија престигнувал камион и дека немало никакви шанси да се избегне несреќата.

„Кога излегов од автомобилот го прашав: Дали си ти нормален?, а тој ми одговори дека не знае. Кога го погледнав ми делуваше дрогирано“, вели Драган.

Ги извлеков сопругата и децата од автомобилот бидејќи чадеше и беше полн со гас и бензин, а потоа еден човек ми помогна да го извадам брат ми Никола од автомобилот, додава Драган.

„Лежеа на патот и сигурно чекавме цел час додека да дојде итната помош. Подоцна бев во истата болница со Милица Нововиќ (19) од Франкфурт, девојката на Радојко, која ми рече дека тој брзал бидејќи немал повеќе македонски денари“, вели Драган.

Неговата сопруга Марија (30) е со скршена кичма, а синот Матија (5) има само скршена нога. Тие се сместени во бол ницата во Скопје.

Драган вели дека покрај нив поминале неколку возила, но дека возачите на застанувале да им помогнат. Тој ги моли сведоците на несреќата да се јават и да помогнат да се расветли оваа трагедија која се случи. Пред се, Маринковиќ апелира до сопствениците на сивиот или син автомобил БМВ со белградски регистарски таблици, кои го однеле бебето во Итната помош да му се јават.