Мариупол ќе се реконструира во рок од три години, тврди градоначалникот

Властите на Мариупол очекуваат градот целосно да биде обновен во следните три години, изјави за ТАСС градоначалникот на градот Олег Моргун.

„Ова ќе биде динамична година. Верувам дека ќе ја завршиме  обновата на градот во рок од три години“, рече градоначалникот. Според него, 1.800 локации – станбени згради, објекти од социјална и општинска инфраструктура – се во фаза на поправка, реставрација и градежни работи.

Шеснаесет руски региони учествуваат во федералната програма за обнова на градот, а во изградбата се вклучени 25.000 луѓе, и локални жители и луѓе од други региони на Русија.