Марк Цукерберг се сретнал со Трамп на неговиот имот во Мар-а-Лаго

Извршниот директор на „Meta Platforms“, Марк Цукерберг, во средата се сретнал со новоизбраниот претседател Доналд Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида, објавија американските медиуми.

Цукерберг е „благодарен“ за поканата на Трамп на вечера и „можноста да се сретне и разговара со членовите на неговиот тим за новата администрација“, соопштија од „Meta“ во изјавата што ја пренесоа различни американски медиуми.

Советникот на Трамп, Стивен Милер изјави за Fox News дека Цукерберг го поддржал Трамп за време на состанокот.

„Марк очигледно има свои интереси, своја компанија и своја агенда. Но, тој јасно стави до знаење дека сака да ја поддржи националната обнова на Америка под водство на претседателот Трамп“, додаде Милер.
Најголемата глобална социјална мрежа Facebook, во сопственост на „Meta Platforms“ го суспендираше профилот на Трамп непосредно пред крајот на неговиот прв мандат, откако неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот во Вашингтон на 6 јануари 2021 година.

Сепак, надзорниот одбор на „Meta Platforms“ на крајот заклучи дека суспензијата на неопределено време не е опфатена со правилата на платформата. На почетокот на 2023 година му беа вратени профилите на Facebook и Instagram, а двете социјални мрежи се во сопственост на Meta.

Американските медиуми средбата меѓу Цукерберг и Трамп во средата ја протолкуваа како „вежба за воспоставување пријателски односи“.

Деловната информативна агенција Bloomberg News како втор најбогат човек во светот, веднаш зад Илон Маск, сопственикот на платформата Х, кој треба да му помогне на Трамп да ги намали владините трошоци за време на неговиот втор мандат.