Марк Гасол спасува мигранти во Медитеранот

Кошаркарот на „Мемфис гризлис“, Шпанецот Марк Гасол се приклучи на организацијата која се занимава со спасување на мигрантите кои се обидуваат да стигнат во Европа преку Средоземното море.

Бродови на организацијата „NGO Proactiva Open Arms” патролираат низ Медитеранот за да можат да учествуваат во евентуални акции за спасување на Африканците, кои ги ризикуваат животите за да стигнат до Европа.

Шпанскиот кошаркар во вторникот учествувал во акцијата за спасување на Камерунка, која во полусвесна состојба пловела по отвореното море.

Бес, лутина, немоќ. Неверојатно колку многу луѓе се препуштени самите на себе на морето. Мојот респект на тимот на кој му се приклучив, тие не седат со скрстени раце, напиша Гасол на својот профил на Твитер.