НАТО официјално го именува холандскиот премиер во заминување Марк Руте за нов шеф на Алијансата откако амбасадорите од сите 32 земји-членки го одобрија неговото назначување.
„Северноатлантскиот совет одлучи да го назначи холандскиот премиер Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, наследувајќи го Јенс Столтенберг“,се вели во соопштението на Алијансата.
Руте беше силно поддржан од САД и ќе ја преземе функцијата од сегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг кога неговиот мандат ќе заврши на 1 октомври.
Патот за Руте беше отворен минатата недела по повлекувањето на кандидатурата на романскиот претседател Клаус Јоханис.
Руте ќе ја води Алијансата во свет полн со политичка несигурност од двете страни на Атлантикот и со Украина во војна. Покрај конфликтот во Украина, тој би можел да се соочи и со новото претседателство на Доналд Трамп доколку американскиот милијардер, многу критичен за улогата на НАТО, се врати во Белата куќа по ноемвриските избори.