Холандскиот премиер Марк Руте обезбеди поддршка од две третини од земјите на НАТО за да ја предводи воената алијанса подоцна оваа година, изјавија двајца високи функционери за Politico во средата.
„По многу интензивни дискусии меѓу сојузниците, сега стигнавме до точка каде што повеќе од 20 членки на НАТО се подготвени да го поддржат премиерот Руте како следен генерален секретар“, рекол за изданието претставник на НАТО кој не бил именуван за да разговара за чувствителните внатрешни дискусии.
Руте, кој води кампања за функцијата од ноември, е единствениот кој го предложил владите на 31-та земја членка на алијансата, рекле фунцкионери на блокот.
Според правилата на НАТО, за генералниот секретар мора да се одлучува со „консензус“, што значи дека Руте сепак треба да ја добие поддршката од сите преостанати земји.
Фунцкионерот соговорник на Politico рекол дека дискусиите „не се конечни“, но дека „зад неговата кандидатура има растечки моментум“.
Се зголемува притисокот врз членките на НАТО да го одобрат Руте пред лидерскиот самит во Вашингтон во јули. Тој ќе го замени Јенс Столтенберг, кој е на чело на НАТО од 2014 година.
Амбасадорката на САД во НАТО Џулијан Смит минатата седмица рече дека сојузниците треба да имаат за цел „да го финализираат процесот на селекција веројатно во првиот квартал од оваа календарска година“.
Сепак, Politico, повикувајќи се на неименуван амеикански функционер, пишува дека американскиот претседател Џо Бајден го поддржува холандскиот премиер Марк Руте да стане следниот генерален секретар на НАТО. Според написот, две третини од земјите на НАТО ја поддржуваат номинацијата на Руте да ја води Алијансата подоцна оваа година.
Неименуваниот американски функционер рекол дека поддршката на Бајден за Руте веројатно ќе охрабри повеќе членки на НАТО да ја поддржат номинацијата на Руте по неколкумесечна конкуренција меѓу него и неколку други европски лидери за таа функција.
Друг висок функционер на НАТО го потврдил бројот земји кои сè уште го поддржуваат Руте, велејќи дека околу 10 земји сè уште се воздржуваат од поддршката.
„Ние ќе продолжиме да ги слушаме нивните прашања и грижи. „И ја охрабруваме…холандската мисија во НАТО да одговори на овие прашања“, додал првиот соговорник на магазинот.
Земјите се воздржани од различни причини. Турција побарала од Руте да не ги фаворизира земјите од ЕУ во Алијансата, според Bloomberg News.
Унгарија, пак, има долготрајни разлики со Руте во врска со неговите остри критики за демократското наводното назадување на земјата.
Останува нејасно дали балтичките земји го поддржуваат Руте, со оглед на нивното инсистирање на поголема политичка поддршка за патот на Украина кон пристапување во НАТО. Естонската премиерка Каја Калас изрази интерес за лидерската позиција на НАТО за време на настанот организиран од Politico во ноември. Но, претставниците на НАТО велат дека таа не е во комбинација бидејќи не ја објавила својата кандидатура. Истото важи и за латвискиот министер за надворешни работи Кришјанис Кариш, кој минатата година направи мала медиумска турнеја за да ја испита ситуацијата.