Атлетико Мадрид доживеа вистински дебакл во европските натпреварувања, беше елиминиран од групата фаза во ЛШ и не избори учество нуту во Лига Европа.
Фудбалот кој го игра Атлетико веќе долги години повеќе не дава резултати, па медиумите се прашуваат дали е време Атлетико Мадрид и Симеоне да се разделат.
Шпанска „Марка“ објави дека екипата нема друго решение освен да продава фудбалери, а се шпекулира дека голем број играчи може да заминат уште во јануари за да се избегнат загубите.
Наводно постои бунт и меѓу фудбалерите кои не се задоволни од Симеоне,а Атлетико размислува за негова замена, а прв избор е шпанскиот селектор Луис Енрике.
Симеоне има договор со Атлетико до 2024 година и е најплатен тренер во светот, а во клубот е од 2011 година, но сега е под големи критики од јавноста и навивачите.