Денеска бевме сведоци на ново соработка на меѓу судството и политичарите, барем според она што беше презентирано преку аудио бомбите што ги објави Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, си нарачува пресуди преку Врховниот суд, како крајна инстанца во судството, што значи завршена работа, однсно по народната „кадија те тужи кадија те суди“, а бостанот некој друг ќе го обере.
Проверениот триаголникот Заев, Јово Вангеловски и Катица Јанева добро функционирал три години за да се спасат случаи кои ги води СЈО преку законот за СЈО.
„Ако не се договориме преку СЈО да паднат случаите трас трас ќе има одлука на Врховен” вели Заев во аудио разговорот кој денес го презентираше пратеникот Антио Милошоски и додава дека Катица тоа го знае и така ги води предметите, а дека со Јово се блиски и преку Врховен ќе паѓаат случаите.
Во своја одбрана Заев вели дека објавените тонски снимки ја коментира одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од СЈО после јуни 2017 година, состојба со која предметите паѓале доколку не се изгласал Законот за јавно обвинителство.
На сличен начин ја негираше и поврзаноста со случајот Рекет, односно објавената снимка, исто така од Милошоски, на која се слуша дека тој дава пари на 1 ТВ и оти е запознат со активностите на Меѓународниот сојуз е автентична. Тој вели дека нема ништо спорно во снимката и оти тоа било од маркетишки причини и дека на тој начин добивале реклама на 1ТВ.
Арно ама, кога имаш „ветер во грбот“, односно зад тебе стои премиерот маркетингот не е за ситна боранија, и ај да ја видиме таа фирма која нема да даде реклама/помош и нема да сака да влезе во проектите на Меѓународниот сојуз на Боки 13. А кога на ова ќе се додадат и тајфуните СЈО и Врховен суд, тогаш со сигурност може да зборуваме за „маркетинг“ и „помош“ кои се викаат рекетирање.