Маркетите и дистрибутерите на храна имаат залихи за 30-45 дена, како во редовни услови, граѓаните да не паничат

Customers wear protective face masks, following the outbreak of coronavirus, as they shop inside a supermarket in Beirut's Ashrafiyeh district, Lebanon March 11, 2020. REUTERS/Mohamed Azakir

Маркетите и дистрибутерите на храна имаат залихи за 30-45 дена, како во редовни услови. Им порачуваат на граѓаните да не паничат, да бидат релаксирани и да водат сметка единствено за своето здравје.

Како што соопштија денеска нивните претставници по работниот состанок со министерот за економија Крешник Бектеши, засега цените на производите не се менуваат и остануваат на нивото како досега.

Пазарниот инспекторат, пак, е постојано на терен, ја контролира состојбата.

-Ги координираме сите активности за нормално фунцкионирање, работиме максимално на заштита на условите на работа на сите наши вработени, но и на потрошувачите. Во постојан контакт сме со добавувачите и правиме максимални напори за снабдување на дефицитарните производи. Апелирам дека нема потреба од паника, работиме интензивно. Сите потреби ќе бидат намирени, истакна претставникот од „Веро“.

И според претставникот од „Тинекс“, нема простор за паника.

-Состојбата е под контрола. Нема апсолутно причина за паника, за купување залихи. Нашите залихи се за 30 – 45 дена, во редовниот обем. Трговците и државата стојат зад нас, охрабрени сме. Сакаме да ги релаксираме потрошувачите, сите стратегиски артикли ќе ги има во доволни количини, напомена претставникот на „Тинкес“.

Ставот дека нема простор за паника го делат и дистрибутерите на храна. Тие единствено бараат постојан контакт на нашата држава со соседните земји, за да нема застои на граничните премини.

-Минатата недела имавме потешкотии за увоз на стока, но од вчера, благодарение на Владата, коридорите се ослободени од земјтие кои направија ограничувања. Веќе се регулирани коридорите од каде доаѓа стоката. Нема место за паника. Имаме залиха за 30 дена и тековно се носи стока. Бараме постојано контакт со соседните земји, за да нема застои на граничните премини, како и да се ослободат контингентите и царинските давачки за брашно, зејтин и шеќер, да има забрана за увоз од Србија каде цените се пониски, истакна Џемаил Даути, сопственик на „Даути комерц“.

На заедничката прес-конференција по состанокот беше соопштено и дека пазарните инспектори, кои се постојано на терен, работат во две групи, дневна и ноќна.

-Благодарност до сите што ги почитуваат препораките за да останат што помалку луѓе за контрола. Од наша страна ќе сториме се за да им излеземе во прерсет на граѓаните и на трговците. Сепак, се она што ќе се донесе како владина одлука, ќе биде спроведено, истакна директорот на Пазарниот инспекторат.