
Светскиот шампион, Шпанецот Марк Маркез, победи и на втората годинашна трка во Мото ГП, возена за Големата награда на САД, во Остин. Тој со својата Хонда славеше пред сонародникот Дани Педроса (Хонда), а на третата позиција се пласираше Италијанецот Андреа Довисиозо (Дукати).
Маркезсо оваа победа се зацврсти на првата позиција во генералниот поредок со 50 бдови, пред Педроса со 36, а на третото место е Валентино Роси со 28 бода.
Во класата Мото2 славеше Маверик Виналес, додека во најслабата класа славеше Австралиецот Џек Милер.