![Mark Markez](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/Mark-Markez.jpg?resize=696%2C526&ssl=1)
Шесткратниот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, во неделата изјави дека ќе ја пропушти трката за Голената награда на Холандија, откако не успеа да закрепне од повредите со кои се здоби на трката во Германија минатиот викенд.
Триесетгодишниот Шпанец се повлече од германската трка по пет несреќи пред трката на патеката Захсенринг, каде што во својата кариера во Мото ГП победи осум пати.
Возачот на Хонда сѐ уште нема завршено ниту една трка оваа сезона и е 19-ти во генералниот пласман, во сезона во којашто досега доминираат возачите на Дукати.
„Не стигнав во Асен (тркачка патека) физички 100 отсто подготвен. Покрај истегнувањето и скршеницата на прстот, имам и скршено ребро кое ми предизвикуваше голема болка“, изјави Маркез.
„Утрово се разбудив со многу болки и по прегледот заедно со лекарскиот тим решивме да не се тркам денеска за да не се влоши и да закрепнам наредните недели“, додаде.