Маркез во фотофиниш пред Довициозо

Актуелниот шампион во Мото ГП Шампионатот, Шпанецот Марк Маркес славеше на трката за Големата награда на Тајланд по големата битка со Андреа Довициозо. на Дукати.

Возачот на „Репсол Хонд“  стигна до триумф откако го нападна Италијанецот на „Дукати“ во самиот финиш на трката, а во последниот свиок успеа да излезе пред него и да влезе прв на целта. На третото место се пласираше возачот на „Јамаха“, Маверик Винџелес со 27 стотинки зад победникот, а нешто повеќе од една секунда пред неговиот тимски колега Валентино Роси.

https://twitter.com/twitter/statuses/1048846499029901312

На овој начин шпанскиот мотоциклист го зголеми водството во генералниот пласман на  77 поени во однос на Довициозо на четири трки пред крајот. Тоа значи дека на следната трка, која е за две недели во Јапонија, му е доволно само да биде  пред возачот на „Дукати“ за да ја обезбеди петтата титула во кралската класа, а седма вкупно.

Дебитантското Гран При за Тајланд донесе многу возбуда уште по стартот кога Роси излезе прв, следен од Довициозо и Маркез. Сепак, откако успеаја да го поминат не му дозволија да им се приближи. Големата борба меѓу нив почна во последните четири круга, во кои Италијанецот успешно ги одбиваше сите напади, но не и тој во последниот свиок.

На петата позиција се пласираше