Репрезентативецот на Италија, Клаудио Маркизио им испрати јасна порака на раководните лица на Јувентус дека сака под итно да му понудат нов и по можност побогат договор.
„Победуваме на секој натпревар и нормално дека сакам да останам во редовите на Јувентус уште неколку сезони. Се надевам дека во следниот период ќе ми биде понуден нов договор иако актуелниот ми завршува во 2015 година. Сакам овој дрес да го носам што е можно подолго”, изјави Маркизио.
За разлика од одличниот играч за врска, раководните лица на „старата дама” повеќе се заинтересирани за опцијата продажба, но под услов, заинтересираниот клуб да испрати офдицијална понуда за Маркизио не помала од 30 милиони евра.