Маркизио среќен во Торино но флертува и со Манчестер Јунајтед

Стандардниот првотимец во дресот на актуелниот шампион на Италија, Јувентус, Клаудио Маркизио, откри дека не сака да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок но додаде дека голем интерес за неговите услуги покажале раководните лица на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед.

„Секогаш кога има преоден рок, моето име може да се прочита во сите спортски весници и на сите спортски портали. Сепак, јас сум среќен во Торино и имам долг договор со Јувентус и сакам истиот да го испочитувам до крај. Точно дека за моите услуги голем интерес има покажано актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед. Горд сум на таа информација, горд сум на фактот дека сум желба на англискиот гигант, но убаво ми е во Торино, тука сакам да останам уште неколку сезони”, изјави репрезентативецот на Италија.