Марковски: Единствени оправдани мерки беа затворање на училишта и градинки и забраната за собири

Единствените оправдани мерки кои властите ги донесоа за спречување на ширењето на коронавирусот е затворањето на училиштата и градинките и забраната за собири, вели инфектологот Вело Марковски за „Детектор“.

Според него, овие мерки биле доволни за да се растегне кривата и да не дојде до експлозија на тешко болни

-Ние сега имаме инфицирани или позитивни, меѓутоа, немам наеднаш голем притисок. Експлозија кадешто би имало, да речеме, 1.000 тешко болни кои не можеме да ги згрижеме. Тие мерки беа доволни. Ако се презема тие мерки ние веројатно ќе имавме 100 отсто повеќе позитивни и 100 отсто повеќе тешко болни. Меѓутоа, нашите капацитети само на Инфективната клиника не се исполните ниту до половина, а камо ли на другите болници кои беа планирани. Така што, според мене, тоа престроги мерки, Вели Марковски.

Според него, со седењето дома ќе се спречат и други болести, меѓутоа, ќе се појават други кардиоваскуларни болети, но ќе се наруши и менталното здравје.

Гледајте „Детектор“ на Сител во 16:20, веднаш по Вестите.