Марковски се пласираше во следната фаза на ИТФ турнирот во Созопол

Македонскиот тенисер Обрад Марковски кој официјално од денес во светот е на 1.110-то место во сингл и 861-то во двојки на АТП ранг листата, го победи романскиот тенисер Александру Лука  во рамките на квалификациската рунда на турнирот во бугарски Созопол.
Македонскиот тенисер триумфираше со 2-1 по сетови 6-2, 3-6 и 10-5.
Со овој триумф Марковски заработи поени и се пласираше во наредната рунда од турнирот, каде учествуваат вкупно 32 тенисери.