За Кралството Мароко никогаш не постоела можноста за позитивен одговор на поканата за состанокот на „БРИКС/Африка“, планиран да се одржи во Јужна Африка или за учество на овој состанок на кое било ниво, вели овластен извор од Министерството за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници.
Како одговор на неодамнешните медиумски извештаи во кои хипотетички се претпоставува приклучување на Кралството кон групата БРИКС, како и неговото можно учество на следниот состанок на „БРИКС/Африка“, закажан за 24 август во Јоханесбург, Јужна Африка, истиот извор нагласува дека ова не било иницијатива на БРИКС или на Африканската унија, туку покана од страна на Јужна Африка.
„Станува збор за состанок организиран врз основа на едностраната иницијатива на јужноафриканската влада“, вели истиот извор, додавајќи дека од таа причина Мароко ја оценува оваа покана во светлина на затегнатите билатерални односи со оваа земја.
Според истиот извор Јужна Африка отсекогаш манифестирала непријателство кон Кралството и систематски заземала негативни и догматски позиции по прашањето за мароканска Сахара.
„Преторија на тој начин ги зголеми, како на национално ниво така и во рамките на Африканската унија, нејзините злонамерни дејства против повисоките интереси на Мароко“, вели истиот извор.
Се нагласува дека јужноафриканската дипломатија е позната по своето лесно, импровизирано и непредвидливо менаџирање кога станува збор за организирање на ваков вид настани.
Доказ, додава изворот, се намерните и провокативни прекршувања на протоколот што ја одбележаа поканата на Мароко на оваа средба. Уште полошо, многу земји и правни лица се чини дека се произволно поканети од страна на земјата домаќин, без вистинска основа или претходна консултација со другите земји-членки на групата БРИКС.
„Така станува јасно дека Јужна Африка планирала да го киднапира овој настан од неговата вистинска природа и цел, за да послужи на нејзината скриена агенда“, вели истиот извор, истакнувајќи дека Мароко од самиот почеток последователно отфрлил каква било поволна реакција на јужноафриканската покана.
Во врска со односите на Кралството на Мароко со групата БРИКС, овластениот извор на Министерството забележува дека јужноафриканската дипломатија повторно си го присвојува правото да зборува за Мароко и неговиот однос со БРИКС, без претходна консултација, на тој начин креирајќи произволности кои во никој случај не соодветствуваат со реалноста.
Според истиот извор, Мароко навистина одржува суштински и ветувачки билатерални односи со другите четири членки на Групата, па дури и е поврзан со три од нив преку договори за стратешко партнерство. Но сепак, Кралството никогаш официјално не аплицирало за членство во групата БРИКС.
„Сеуште нема рамка или прецизни процедури со кои се регулира проширувањето на оваа групација“, вели истиот извор.
Овластениот извор додава дека иднината на односите на Мароко со групацијата каква што е, имајќи ја предвид нејзината природа или опсег, „ќе припадне во општата рамка и стратешките ориентации на надворешната политика на Кралството, како што е дефинирано од кралот Мохамед VI“.
„Мароко останува посветен на ефикасен, поддржувачки и обновен мултилатерализам“, нагласува истиот извор, додавајќи дека Кралството смета дека мултилатералните платформи не треба да се користат за поттикнување поделба или мешање во внатрешните работи на суверените држави, ниту пак треба да создаваат преседани кои во иднина би можеле да се свртат против нивните иницијатори.