Марсело: Беше пенал

Дефанзивецот на „Реал“, Бразилецот Марсело призна дека играл со рака и дека требало да биде досуден пенал за „Баерн“, вчера на реваншот во Мадрид. Спорната ситуација се случи при крајот од првото полувреме во центарот на шеснаесетникот, но не беше забележано од турскиот судија, Чунејт Чакир и неговите помошници. „Реал“ и „Баерн“ одиграа 2:2, што беше доволно Шпанците да се пласираат во финалето на  Лигата на шампионите во Киев.

 

 

Имаше рака, топката ме удри во раката, и мислам дека беше пенал. Ако кажам поинаку, ќе излажам, но фудбалот е таков спорт. Не би сакал премногу да коментирам за судиите, иако сите мислат дека понекогаш се носат одлуки во корист на Реал Мадрид. Но, има и многу други случаи, кога ние сме оштетени. На крајот, мислам дека заслужено се пласиравме во големото финале во Киев, изјави Марсело.