Мартич: Чувството е прекрасно кога ќе се победи Партизан

Тренерот на македонскиот шампион МЗТ Скопје, Зоран Мартич, не го криеше задоволствотоод големиот триумф на својот тим на гостувањето кај Партизан.

„Секој кошаркар ужива само да игра во ‘Пионир’ против Партизан, а чувството е уште поубаво кога ќе се победи. Играме добро во последно време, а оваа победа е мелем за раните по последните несреќни порази. Можам само да им честитам на своите играчи, сите гостувања се тешки, но ние покажавме дека можеме да играме против сите”, изјави Мартич.

Задоволен од оваа победа беше и Стефан Синовец, кој откри дека „сино-белите“ во мечот влегле без страв и со верба дака може да го победа големиот Партизан.

„Одлично се подготвивме за оваа средба, игравме сконцентрирано цело време и знаевме дека можеме да ги изненадиме поради нивниот замор”, изјави Синовец.