Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез по поразот од Франција во полуфиналето на Светското првенство (1: 0) рече дека нијансите го одлучиле победникот.
Беше тврд натпревар, немаше толку многу големи шанси кои дефинитивно би можеле да одлучат за победникот. Разликата меѓу победата и поразот ја направи само една топка, толку беше тесен натпреварот. Мораме да им дадеме признание и да ја пофалиме играта на Франција, играа добра одбрана и ја почитуваа нашата игра. Едноставно, ни фалеше малку магија пред нивниот гол и малку среќа, но јас сум горд на моите играчи. Дадоа се што имаат, играат до последната секунда. Мораме тоа да го прифатиме и да им честитаме на Французите, им посакувам среќа во финалето, рече Мартинез.