Мартино: Барса мора прва да постигне погодок

Предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино ги потсети своите фудбалери дека мора први да постигнат погодок на денешниот реванш 1/4 финален натпревар од Лигата на шампиони, против екипата на Атлетико (М).

„Барселона немаше предност во ниту еден момент и многу е важно да биде запаметен овој податок. Мора да постигнеме најмалку еден погодок на „Винсенте Калдерон” и по можност ние први да ја затресеме противничката мрежа. Да видиме како ќе функционираме во една таква ситуација, да видиме дали можеме да ја менаџираме таа ситуација, да ја зачуваме и зголемиме таа предност. Можевме први да постигнеме погодок на првиот натпревар, но Атлетико (М) прв дојде во водство. Мора да наметнеме едно пеколно темпо и тоа во сите 90 минути, а свесни сме дека Барса има поинаков стил на игра кога има предност отколку кога брка негатива”, изјави Мартино.