Мартино е свесен дека Сити ќе нападне на Ноу Камп

За разлика од менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, кој по натпреварот остро ја нападна судиската тројка, предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино само ги предупреди своите фудбалери дека ништо не е готово и дека се уште не осигуран пласманот во следната 1/4 финална рунда.

„Имавме целосна доминација во првите 10 минути од натпреварот, потоа ја загубивме контролата. Дојдовме за да победиме, и во ниту еден помент не посакавме овој натпревар да заврши со некаков друг резултат, а не со победа на Барселона. Мора да останеме цврсто на земја, нема место за некаква релаксација. Сега прво ќе се сконцентрираме на натпреварите од домашното првенство. Во ниту еден момент не сум помислил дека Барса веќе има обезбедено пласман во следната рунда. Го добивме првиот натпревар, но оваа пресметка ќе трае најмалку 180 минути. Вториот натпревар ќе го стартуваме како да е 0:0. Ние имаме јасна цел за секое натпреварување, можеме да одиграме и подобро, но и полошо. Моите фудбалери добро знаат дека нема место за релаксација, ништо не е готово”, изјави Мартино.