Охрабрен од заслужениот пласман во следната, 1/4 финална рунда од Лигата на шампиони, предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино, по реванш натпреварот против англискиот премиерлигаш Манчестер Сити изјави дека со ваква игра, Барса може да го победи било кој противник во ЛШ.
„Победивме со вкупен резултат 4:1, го елиминиравме најтешкиот можен противник во 1/8 финалната рунда од Лигата на шампиони. Со ваква игра, Барселона може да го победи било кој противник во ЛШ. Јас сум убеден дека Манчестер Сити е толку квалитетен што без проблеми може да биде дел и од финалниот натпревар во ЛШ. Имаше секакви моменти. имаше такви кога имавме целосна контрола врз играта и врз резултатот, но имаше и такви кога моравме да се браниме со сите фудбалери,“ изјави предводникот на каталонскиот гигант.