Предводникот на каталонскиот гигант Барселона, Херардо Тата Мартино, призна дека би сакал во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на хрватскиот интернационалец од редовите на Севилја, Иван Ракитиќ.
„Ракитиќ го има тоа што е потребно за да игра во дресот на Барселона, но може да игра за било кој клуб во Европа. Јас знам дека челниците на Севилја ќе дадат се од себе и ќе се обидат по секоја цена да го задржат во своите редови за време на летниот преоден рок. Ракитиќ е специјалист кога се во прашање ударите од аголот или прекините на противничката половина. Исто така, Иван е многу опасен кога топката е во неговите нозе”, изјави поранешниот селектор на Парагвај.