Маса: Алонсо секогаш прави раздор во тимот

Поранешниот возач на Формула 1, Фелипе Маса откри дека му олеснало кога Фернандо Алондо си замина од „Ферари“, каде што поминаа четири години како колеги.

Неодамна и шефот на „Ред Бул“ Кристијан Хорнер ја негираше можноста за соработка со Алонсо следната сезона „бидејќи не сака хаос во тимот“.

Сега пргавиот карактер на поранешниот светски шампион беше потврден од Маса.

Со Алонсо секогаш бев на работ на кавгата. Никогаш немавме никакви проблеми надвор од возилата, секогаш се однесуваше кон мене како пто треба. Но кога ќе седне зад воланот тој станува сосема поинаков човек, кој создава раздор во тимот. Ако можете да забележите, сите тимови за кои возел беа поделени. Имав убава приказна во „Ферари“, но исто така и напорна. Ми олесна кога Фернандо си замина, призна Маса.

Алонсо има 36 години и се уште нема договор за следната година, иако шпанските медиуми пишуваат дека сигурно останува во портокаловото возило на „Мекларен“.