Масакар во Мексико, 12 лица убиени на забава од вооружена група напаѓачи

epa05725682 Tourists mourn at the Blue Parrot nightclub where a shooting took place in Playa del Carmen, Mexico, 17 January 2017. According to media reports, a lone gunman entered the Blue Parrot nightclub on early 16 January which was hosting a closing party for the BMP electronic music festival, and fired several shots, killing five people and leaving 15 others injured. EPA/Alonso Cupul

Вооружени напаѓачи убија 12 лица во неделата наутро на забава во малиот град Салватиера во сојузната државата Гуанахуато во Мексико. Лекарите се борат за животот на уште десетина повредени лица.

Група напаѓачи упаднала во поранешната хациенда и почнале да пукаат кон присутните.

Локалниот функционер Карлос Силва вели дека на забавата имало претежно млади луѓе. Силва објави фотографија направена непосредно пред нападот.

Градоначалникот Херман Сервантес Вега најави почеток на заедничка акција со државното обвинителство за спроведување на истрагата.

– Го осудувам немилиот чин на насилство што се случи утринава во заедницата Сан Хозе Дел Кармен. Моите молитви и молитвите на моето семејство се со роднините на загинатите – напиша градоначалникот на својот профил на социјалните мрежи.

Од 23-те погодени, десет загинале на лице место, тинејџер (17) починал додека бил превезуван во болница со приватен автомобил, а уште 12 се хоспитализирани, од кои двајца се во тешка состојба. Две од жртвите се жени, идентификувани како Макарена и Талија.

Дополнително, опожарени се шест автомобили и два мотоцикли, а со куршуми се оштетени уште 7 автомобили.

Службата за итна помош 911 била повикана околу 03:30 часот, а полицијата и припадниците на Цивилната заштита пристигнале на лице место. Амбулантни возила од Цивилната заштита и од Црвениот крст дошле за да им пружат прва помош на повредените, а пет лица беа префрлени во болницата во регионот.

Припадниците на пожарникарите на Цивилната заштита и Салватиера го изгаснале пламенот на запалените возила.

Масакрот на хациендата е втор инцидент за помалку од 24 часа во државата Гуанахуато. Ден претходно, група вооружени напаѓачи убија четири лица во берберница во Саламанка.