
Граѓани на Скопје, од денес планината Водно не е веќе иста. Демолиран е сртот кај Бел Камен, штетата е непроценлива, тоа повеќе не може никако да се санира како што не лажат егзекуторите на Водно. Глетката е тешка и мачна, напиша Сергеј Дамовски на својот Фејсбук профил, споделувајќи фотографии и видеа на кои се гледа дека сечата е стигната до сртот кај Бел Камен.
Инаку, да продолжи изградбата на гасоводот низ Водно беше одлучено на последната владина седница.