Вооруженото насилство во Америка не стивнува. 19-годишниот Езекиел Кели во средата попладне го претвори вториот по големина град на американската сојузна држава Тенеси во црно. Во крвавиот поход во Мемфис пукал и убил вкупно четири лица, а повредил уште тројца.
19-годишникот го пренесувал настанот во живо на својот Фејсбук профил. Оттогаш тие видеа се отстранети од социјалната мрежа, пренесува FOX 13 Memphis.
Полицијата по бркотницата го приведе Кели тој моментално е во затвор. Ова е само продолжение на неговата проблематична историја, бидејќи тој бил осуден на три години затвор во март 2021 година, но бил ослободен по одлежувањето на само 11 месеци.
Масакрот се случи шест месеци откако на Кели му било дозволено да се врати на улиците на Мемфис.
„Доколку г-дин Кели ја отслужеше целосната казна, тој и денес ќе беше во затвор, а четворица наши сограѓани сѐ уште ќе беа живи“, изјави градоначалникот на Мемфис, Џим Стрикленд.