Мисијата на Обединетите Нации во Конго соопшти дека се убиени 70 лица, но не истакна кога е извршен масакрот.
Вооружени групи со мачети убиле 70 луѓе на истокот на Демократската Република Конго, со цел да шират страв, соопштија вчера од ОН.
Мисијата вп Конго, MONUSCO, потенцирала дека примила извештај за жестоко кршење на човековите права меѓу кои има масовни погубувања во две села во регионот Масиса.
Од ОН соопштуваат дека од 1996 година, па навака, милион луѓе во загубиле животот поради насилство, болести и глад, откако странските сили започнаа судири бидејќи тој регион е богат со злато, дијаманти, бкар, кобалт и ураниум.